Српскиот интернационалец висок 204 сантиметри задоволи на пробата во полуфиналистот од последната сезона и потпиша договор на една сезона.
Арсеније Вучковиќ ќе ја пополни позицијата 4 откако претходните две недели тренираше со екипата на Гостивар. Тој има искуство од играње од Србија и БиХ и е голем потенцијал со тоа што има 21 година.
Гостивар е во интензивни преговори и со центар кој сигурно ќе биде странец. Екипата ја почна втората фаза од подготовките, веќе одигра и пријателски меч со МЗТ Скопје и наскоро целосно ќе го затвори ростерот за новата сезона.
Веќе неколку дена во продажба се и сезонски билети кои чинат 1.500 денари. Никој не се сомнева дека на секој натпревар во новата сезона салата „Младост“ ќе биде исполнета.