ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Гостивар не може без Марче

Гостивар не може без Марче

сподели

Поранешниот селектор на македонската репрезентација и во новата сезона ќе го води тимот од родниот град кој не отстапува од својата концепција.

Кошаркарскиот клуб Гостивар го продолжи договорот со Марјан Србиновски кој ќе има нешто поголеми ингеренции во иднина.

„Имаме голема доверба во Марче, оваа сезона тој ќе има улога како тим-менаџерите во англискиот фудбал и покрај функцијата шеф на стручниот штаб, ќе ги води сите младински екипи во клубот. Наскоро ќе излеземе со плановите за новата сезона“, објави полуфиналистот во домашниот плеј-оф.

Србиновски е на клупата на Гостивар откако пред две години почна новиот проект на клубот. Во првата сезона за малку не го однесе тимот во плеј-офот, но во втората учествуваше во разигрувањето за титулата и стигна до полуфиналето на Купот на Македонија.