ПОЧЕТНА Во позадина (ФОТО) Гостивар е град на кошарката, ама и на хуманите луѓе

(ФОТО) Гостивар е град на кошарката, ама и на хуманите луѓе

сподели

Неколкуте хуманитарни акции на Кошаркарскиот клуб Гостивар ги продолжи навивачката група од овој град Гемиџии.

Членовите на оваа група испратија подароци за децата со посебни потреби во Дневниот центар, по повод новогодишните празници.

Пред десетина дена КК Гостивар, на натпреварот против Куманово, собираше пари за настраданите во земјотресот во Драч, а и пред почетокот на сезоната, одигра хуманитарен натпревар со екипата на Кожув.