ПОЧЕТНА СП 2019 ГОСПОДИН, КАКОВ ШТО НЕМА ДА СЕ РОДИ: Победата е за Турците, исто...

ГОСПОДИН, КАКОВ ШТО НЕМА ДА СЕ РОДИ: Победата е за Турците, исто колку што е и наша

сподели
FIBA

Селекторот на САД изрази задоволство до победата, ги пофали сите всои играчи што настапуваат на ова СП, но воедно призна и дека неговата селекција не е во посакувана форма, односно турската е една од најквалитетните.

„Ова беше пеколен натпревар, ја прифаќаме победата, но ова во исто време е победа и за Турција. Игравме против тим со многу искуство и напредок, нешто што ние треба да го достигнеме. Се уште не сме таму, каде што посакуваме. Се обидуваме да напредуваме со секој нов напревар.“ – рече Грег Попович.

Американците ги совладаа Турците по продолжението во рамките на второто коло, со 93:92, откако европската селекција имаше поен предност и 4 слободни фрлања на 9 секунди до крајот на дополнителните 5 минути.