ПОЧЕТНА Некатегоризирана ЃОРЃЕВИЌ: Знаете ли како „имињата“ стануваат „легенди“?

ЃОРЃЕВИЌ: Знаете ли како „имињата“ стануваат „легенди“?

сподели
fiba.basketball

Во интервју за ФИБА, селекторот на српската репрезентација објасни како селекциите на неговата земја стигнувале до медалите и каков е принципот што важи кај нашиот северен сосед:

„И кога не играле најдобрите, ние сме освојувале одличја. Треба да настапат само најподготвените, само така имињата ќе се претворат во легенди. Ние сме жив доказ дека имињата не играат кошарка.“ – се зборовите на Сале Национале.

Според Александар Ѓорѓевиќ, Србија ја очекува тешко светско првенство во Кина, иако се очекува во составот да се најдат сите ѕвезди на оваа земја, заедно со НБА играчите кои што не играа последниве години.