ПОЧЕТНА Интернационалци Големо признание за Стојан Ѓуроски во Шпанија!

Големо признание за Стојан Ѓуроски во Шпанија!

сподели

Македонскиот репрезентативец имаше сезона за паметење во екипите на Хуеска и Мелиља, а наградата за тоа стигна по завршувањето на натпреварувачката кампања.

Специјализираниот кошаркарски портал eurobasket.com го избра Стојан Ѓуроски во втората најдобра петорка на Втората шпанска лига што значи дека тој е еден од десетте најдобри играчи во оваа конкуренција.

За МВП на сезоната е избран неговиот соиграч од Мелиља, Кејлеб Агада кој е роден во Канада, а има и нигериско државјанство.

За жал, Агада и Ѓуроски не успеаја да ја однесат својата екипа во АЦБ лигата бидејќи на завршниот турнир во Билбао, загубија од домаќинот во полуфиналето.