ПОЧЕТНА Други репрезентации Големиот македонски талент потпиша прв професионален договор – во Италија

Големиот македонски талент потпиша прв професионален договор – во Италија

сподели
fiba.basketball

Членот на идеалната петорка на неодамна одржаното Европско првенство Б-дивизија во Орадеа, Андреј Јакимовски во новата сезона ќе биде член на италијанскиот второлигаш Реале Мутуа Баскет Торино.

Тоа е клуб кој е формиран во мај годинава и првпат ќе се натпреварува во втората дивизија во Италија. За Јакимовски ова е прв професионален договор кој дава можност за напредок во кариерата во една од најкошаркарските земји во светот.

Нашиот кошаркар е во Италија од 2016 година, претходните три играше за младинските академии ПМС и Кампус Пиемонте, а сега ќе може да ги демонстрира своите квалитети на повисоко ниво.

Неодамна прв професионален договор потпиша уште еден голем македонски талент – Марко Миловановиќ кој стана член на Јуви Кремона.