ПОЧЕТНА ЕВРОПА ГОЛЕМИ И МАЛИ: АБА го дере МЗТ, а и цвика на Звезда

ГОЛЕМИ И МАЛИ: АБА го дере МЗТ, а и цвика на Звезда

сподели
фото: МЗТ Скопје Аеродром, Роберт Спасовски

Лажат тие што ќе се обидат да не убедат дека сите сме еднакви во светов, затоа што реалноста друго кажува. Така е во сите сфери на постоење кај нас и во регионот и пошироко и никој тоа не може да го оспори.

Ако имаш братучед, нема да те казнат и плус ќе им се занесуваш на властите – Зна(е)ш ли то ко(ј) с(а)ум ја(с). Веќе видено, доживеано, апсолвирано, штета што е и пребродено, односно што сме помирени со тој факт. Голема штета! НЕМА критична маса за напредок, туку само си пливкаме по ладните води што не вртат на каде сакаат…

Последен доказ се казните за екипата од Аеродром.

Дека МЗТ заслужи да биде казнет – со 15.000 па и едно евро плус, односно 15.001, најверојатно тоа последно евро е за ковертот што ќе биде испратен со запечатената ДРАКОНСКА САНКЦИЈА – може да спориме до следната година.

Најверојатно затоа што беа плукани судиите, само се прашуваме дали тоа се од групата на оние истите што тренерот на Морнар ги посочи како негови?

Колку ли ќе биде казнет и како, стратегот што на тајм-аут што се снима на ТВ, им вели на играчите да одат под кош затоа што противникот бил во бонус, а тој и неговите пулени го имале судијата? Па уште и на енглеском… ви хев д рефри…

Како е тоа да се има судија?

Звезда не отиде на натпревар во Подгорица, после малку се закани дека ќе си оди од лигата, дека ќе праи ова, она, ваму, таму… и си помина глатко.

Можеби и ќе си плати некој динар, но тоа во споредба со самоволието-од-времето-на-Краљ-Петар-Александар-Караѓорѓевиќ е НУЛА, особено ако се мери со казната за МЗТ Скопје, која е ИДЕНТИЧНА во паричен надоместок.

Оправдување нема, но и сатарот е преголем!

А, нашата публика е посебна приказна, знае дека кај што има сила нема правдина, ама пак си тера по свое. Битно, ќе го р-кнам судијана, па после што ќе биде нека биде…

Сега, кој ќе ги дава тие 15К евра, со кои може да се купи играч за титула или да се помине цела сезона во младински категории или во втора лига?

Ќе си викаме и цркаме ние, но казната ќе си остане. Дали ќе останеме да играме во оваа лига?

Краткиов излив на емоции ќе го завршиме со заклучок – немаме влијание во регионот, немаме голема екипа, немаме резултат, а да не зборуваме за национална стратегија или недостатокот на „ку*нази-атанаси-манги-менаџери-бизнисмени“ што може да не стават во редот на оние што одлучуваат, па сега ќе ја полниме касата на великоГАЗдите.

Можеше да се испразни салата, можеше да се казни екпипата со празна сала на неколку следни натпревари, можеше да се напише тикет од 1-2-3 кркушки европски банкноти, но да се оди ПО ПРАВИЛ(ИМ)А кога се сака, е тоа некако не лизга…

НАПОМЕНА: Во текстот е користен сленг.