ПОЧЕТНА НБА ГОЛЕМ ПРЕСВРТ: Мело во Лејкерс?

ГОЛЕМ ПРЕСВРТ: Мело во Лејкерс?

сподели
twitter

Американските медиуми го испратија ветеранот во Калифорнија, во друштво на Леброн Џејмс, Ентони Дејвис, Кајл Кузма и останатите играчи на најгламурозната НБА франшиза, како солиден ростер за следната сезона.

Затоа што нема да бараат ништо посебно од 35 годишниот расен шутер Кармело Ентони, освен да биде добра замена за помладите, да поентира во изолација или при отворени шутеви, евентуалното постигнување на договор може да биде одлично за двете страни.

Се уште се шпекулира и со други имиња, кои што би требало да слетаат во ЛА Лејкерс, а најзвучни се Кави Ленард, Клеј Томпсон и Џими Батлер, кои што би биле соврешни алки во идејата на оваа франшиза, да се врати во височините на НБА лигата.