ПОЧЕТНА НБА Голден Стејт понуди 221 милион долари, но Дурант оди на Исток!?

Голден Стејт понуди 221 милион долари, но Дурант оди на Исток!?

сподели
фото: Yahoo

Доцна вечер по средноевропско време ѕвездата на Вориорс ќе објави чиј член ќе биде идната сезона, но најпознатиот американски новинар Адријан Војнаровски веќе има информација кој ќе биде негов следен тим.

Тој тврди дека тоа е Бруклин Нетс со кого ќе потпише договор на четири години за 142 милиона долари. Сето ова и покрај понудата на Голден Стејт за максимални 221 милион долари за пет сезони.

Конечната одлука Дурант ќе ја соопшти преку Инстаграм страницата на својата компанија The Boardroom. Јасно е дека тој нема да игра цела претстојна сезона поради повреда на Ахиловата тетива, но и покрај тоа има голем број понуди за продолжување на кариерата.

Заедно со него, како што тврди уште Војнаровски, во Нетс ќе се преселат уште Кајри Ирвинг и Диандре Џордан.