ПОЧЕТНА СП 2019 Гобер удри по ФИБА: Без респект сте!

Гобер удри по ФИБА: Без респект сте!

сподели
FIBA

Се поголем е бројот на учесници на Мундобаскетот кои имаат забелешки на однесувањето на светската кошаркарска организација.

Последниот во низата е францускиот репрезентативец Руди Гобер кој имал непријатно изненадување од организаторот.

„Бев разбуден за допинг контрола (крв и урина), утрото по натпревар кога можев да спијам малку повеќе. Без респект за времето за ревитализација на телото на играчите. Ужасен начин на вршење на работите“, напиша Гобер на Твитер обраќајќи и се на ФИБА.

Франција имаше тежок натпревар против Германија во првото коло, победникот беше неизвесен до крајот, но „триколорите“ триумфираа со 78:74. Кошаркарот на Јута Џез одигра 30 минути и постигна по 9 поени и скокови.