ПОЧЕТНА СП 2019 Го сакам Валанчиунас, ама ќе го искршам

Го сакам Валанчиунас, ама ќе го искршам

сподели

Натпреварот меѓу Канада и Литванија е еден од дерби дуелите на второто коло на Светското првенство.

Тоа ќе биде и пресметка за пласман во втората фаза од Мундобаскетот бидејќи во групата Х е и Литванија. Селекторот на канадската репрезетација Ник Нурс одлично го познава Јонас Валанчиунас бидејќи му беше тренер во Торонто Репторс.

Литванецот излезе еден од најголемите малери бидејќи по седум сезони во канадскиот тим, зимава си замина и тоа во Мемфис Гризлис. Неколку месеци подоцна Торонто ја освои титулата во НБА лигата.

„Очигледно го сакам Јонас, но ќе го искршам кога ќе играме. Но, го сакам, во ред?“, им изјави Нурс на навивачите.

Валанчиунас беше најефикасен на натпреварот од првото коло против Сенегал, поточно еден од тројцата во литванската репрезентација кои постигнаа по 13 поени, заедно со Сабонис и Калниетис. Иако си замина од Торонто, тој и натаму е близок со Нурс кој е и селектор на Канада и прв тренер на Репторс.