ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Глигоријевиќ во Куманово!

Глигоријевиќ во Куманово!

сподели

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија е решение за позициите 4 и 5 во тимот на Куманово.

Стеван Глигоријевиќ е поранешен играч на АВ Охрид и Блокотехна, а минатата сезона беше член на Работнички. Одигра 13 натпревари со просек од 11,5 минути, 5,6 поени, 3,9 скока и 0,6 асистенции.

Кошаркарот висок 205 сантиметри е четврто засилување за Куманово кој продолжува со подмладувањето на тимот. Пред Глигоријевиќ во екипата дојдоа уште Дамјан Робев, Хулио Гуити и Џош Селби, а продолжени се договорите со најголем дел од играчите кои го носеа дресот минатата сезона.

Од друга страна, ако се изземат странските играчи, Глигоријевиќ е прв играч на Работнички кој официјално го напушти клубот. Сигурни за идната сезона се само Марјан Младеновиќ и капитенот Кирил Николовски, а допрва ќе се гради тимот што ќе дебитира во АБА 2 лигата.