ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА ГЛАВЧЕВ: Го избрав Работнички поради Мираковски

ГЛАВЧЕВ: Го избрав Работнички поради Мираковски

сподели

Актуелниот вицешампион, меѓу последните екипи во нашето првенство, тргна по засилувања за новата сезона.

Во Градски парк пристигна Горан Главчев, довчерашен играч на Блокотехна. Гевгеличанецот за basketball.mk ги објаснува причините поради кои се одлучил за Работнички.

„Имав две многу интересни понуди, но го избрав Работнички бидејќи и пред крајот на минатата сезона, овој клуб покажа интерес за мене.

Со новиот тренер Димитар Мирковски се знаеме уште како соиграчи во Кожув. За мене тој е еден од луѓето со најголеми познавања во македонската кошарка.

Кога станува збор за Работнички очекувањата секогаш се големи. Се надевам дека брзо ќе се прилагодам на новата средина и со новите соиграчи ќе ги исполниме амбициите.” – изјави Главчев.