ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Главчев е нов играч на Работнички

Главчев е нов играч на Работнички

сподели

Најтрофејниот тим во Македонија го донесе првото засилување за новата сезона. Во Градски парк тој доаѓа од Блокотехна со која минатата сезона ја освои БИБЛ лигата и стигна до полуфиналето во Купот и првенството.

Работнички ќе доживее играчка реконструкција ова лето. Се раздвижи и клубот од Дебар маало. Мираковски ќе го наследи Докузовски, а најавени се уште неколку нови договори.

Работнички е четврти клуб во кариерата на 26-годишниот гевгеличанец по Кожув, каде што ја почна кариерата, Младост Земун (Србија) и Блокотехна.