ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Ѓуроски распали, Евре ја прекина серијата порази

Ѓуроски распали, Евре ја прекина серијата порази

сподели
фото: ALMEvreux (Officiel)

Македонскиот репрезентативец во Франција одигра еден од своите најдобри натпревари оваа сезона и беше најзаслужен за победата на неговиот тим.

Евре го победи Руен со 92:87 и се одлепи од екипите кои се борат за опстанок во Втората лига на Франција. Стојан Ѓуроски помина 29 минути на теренот и беше најефикасен во својот тим со 20 поени, од кои три тројки, плус 4 скока за индекс 23. Само во првото полувреме нашиот интернационалец стигна до 12 поени со шут за тројка 3/3 и без промашување од игра.

Формата на Ѓуроски е одлична вест за новиот селектор Александар Тодоров пред почетокот на квалификациите за Европското првенство во 2021 година, односно дуелите со Естонија и Русија во февруари.