ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА ЃУРОСКИ: Ова е дуел како Работнички-МЗТ, Евре три години немаше победа

ЃУРОСКИ: Ова е дуел како Работнички-МЗТ, Евре три години немаше победа

сподели

Не само што триумфот против Руен има големо резултатско значење за тимот на нашиот репрезентативец во борбата за опстанок, туку е и триумф над долгогодишен ривал во француската кошарка.

„Дуелот меѓу Евре и Руен е како пресметките меѓу Работнички и МЗТ Скопје во македонското првенство. Претходно мојата екипа немала победа на пет натпревари во низа или вкупно три години, од 3 февруари 2017. Не можам да ја опишам радоста кај нашите навивачи по овој триумф“, изјави Ѓуроски за basketball.mk.

Руен се наоѓа на седмата позиција на табелата, последна која води во плеј-офот за пласман во Про А. Од тие причини победата на Евре е уште послатка.