ПОЧЕТНА А Репрезентација Ѓуроски ја напушти Шпанија, но повторно ќе игра во кошаркарска велесила

Ѓуроски ја напушти Шпанија, но повторно ќе игра во кошаркарска велесила

сподели

Македонскиот репрезентативец е пред нов сериозен предизвик во кариерата откако одлучи да се пресели во Франција.

Нов клуб на Стојан Ѓуроски е второлигашот од оваа земја Евре кој во новата сезона ќе влезе со повисоки амбиции, односно со надеж за пласман во елитата.

Гостиварецот оди во Франција по една година помината во Шпанија, односно во второлигашите од оваа земја Хуеска и Мелиља. Беше еден од најдобрите во лигата со просек од 14,4 поени, 3,5 скока и 1,6 асистенции по натпревар.

Ѓуроски е еден од ретките македонски репрезентативци кои играат во странство и тоа е мошне значајно за нашиот национален тим кој од февруари 2020 година ќе го почне својот пат во квалификациите за Европското првенство.