ПОЧЕТНА ПРВЕНСТВА ЃОРЃЕВИЌ: Понатамошниот репрезентативен статус на Калиниќ, ќе зависи од неговото однесување

ЃОРЃЕВИЌ: Понатамошниот репрезентативен статус на Калиниќ, ќе зависи од неговото однесување

сподели
фото: B92, Srdjan Stevanovic/Starsportphoto

Откако се крена огромна прашина по изоставувањето на Никола Калиниќ и Немања Недовиќ од списокот на српската репрезентација која што се подготвува за СП во Кина, селекторот на орлите беше дециден:

„Сите играчи знаат зошто ги нема, но оставете тоа да остане меѓу нас. Разговарав со Калиниќ и тој тоа го прими многу зрело.

Понатамошните негови настапи во нашата селекција, ќе зависат од неговата форма и од неговото однесување.“ – се зборовите на Сале Национале, за Спортски Журнал.