ПОЧЕТНА ЕВРОПА Ги изругавме, па ја казнија и Звезда!!!

Ги изругавме, па ја казнија и Звезда!!!

сподели
фото: ALEKSANDAR DIMITRIJEVIĆ / RAS SRBIJA

Дисциплинските власти на регионалната АБА лига немаа милост кон регионалниот кошаркарски гигант, по завршувањето на мечот со Партизан во 18-то коло од првенството. Домаќинот победи, но ќе се олесни за значителна сума пари.

Црвена звезда ќе плати 18.000 евра и ќе го затвори Партер 4 во салата Александар Николиќ, на следниот меч, а тоа е дуелот со Цедевита Олимпија. Казната доаѓа поради навреди од публиката кон судиите и проитивничките играчи.

Неодамна, нашиот портал „приговараше“ на начинот на кој се спроведува правдата во регионалната лига, во која се уште важат правилата за големите и малите.