ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Гемиџии од Гостивар во нова хуманитарна мисија

Гемиџии од Гостивар во нова хуманитарна мисија

сподели

Веќе стана традиција гостиварци преку својот кошаркарски клуб или навивачите да организираат помош за загрозени категории граѓани.

Од хуманитарен карактер ќе биде и натпреварот меѓу Гостивар и Вардар во 13-тото коло од Првата македонска кошаркарска лига.

Навивачката група Гемиџии на социјалните мрежи објави дека ќе се обиде да собере колку е можно повеќе финансиски средства за помош на Ивица Срезовски кој има потреба од лекување во Русија.

Во акцијата можат да се вклучат сите граѓани на Македонија преку телефонските броеви или жиро-сметките, видливи на објавата на ФБ.