ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Џелатот што му посака „добредојде“ на ФМП

Џелатот што му посака „добредојде“ на ФМП

сподели
фото: sport.delfi.ee

Гостивар ја оствари најубедливата победа во првото (некомплетно) коло од новата сезона во македонското првенство.

Ја совлада ФМП Академија со 20 поени разлика, на задоволство на верните навивачи кои повторно ја исполнија салата „Младост“. Во својот прв официјален натпревар во сино-белиот дрес блесна српскиот интернационалец Ѓорѓе Џелетовиќ кој заедно со Марјан Младеновиќ од Куманово го одбележа првиот ден.

kfsm.mk

Кошаркарот чиј прекар е Џелат одигра 35 минути и за тоа време постигна 37 поени со одличен шут: 13/16 за два, 3/6 за три и 2/3 од линијата за слободни фрлања. На тоа додаде уште пет скока и две украдени топки за индекс 35.

Неговата игра е предупредување за Работнички кој е следен ривал на Гостивар, во второто коло од Првата лига.