ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА ГЕЧЕВСКИ: Успехот на репрезентација е успех на Македонија

ГЕЧЕВСКИ: Успехот на репрезентација е успех на Македонија

сподели

Спортскиот директор на Федерацијата се осврна на техничките услови на националниот тим за време на подготовките пред дуелите со Естонија и Русија.

Ова се први натпревари на репрезентацијата откако ова раководство ја презеде КФСМ и радува агилноста кога станува збор за организацијата од сите аспекти.

„Како Федерација се подготвивме да обезбедиме најдобри услови што е можно, се надевам дека селекторот и играчите ќе бидат задоволни од она што им го овозможивме.

Успехот на репрезентацијата е успех на цела Македонија и се надевам дека со ова почнува враќањето на кошарката таму каде што беше. Овде има кошаркари кои беа дел од Европското првенство во Литванија и заедно со младите треба да го отворат патот кон врвот.

За нас е важен мечот со Естонија, мислам дека сме малку подобри и ќе победиме, а со тоа ќе создадеме и позитивна атмосфера за следниот дел од квалификациите. За таа цел го одложивме Купот и мислам дека обезбедивме се што можеме.

Во репрезентацијата има нови членови кои треба да се вклопат и ќе им биде потребно малку повеќе време“, рече Гечевски.