ПОЧЕТНА СВЕТ Гасол за Коби: Побелев, плачев, не сакав да зборувам…

Гасол за Коби: Побелев, плачев, не сакав да зборувам…

сподели

Првпат по загинувањето на големата кошаркарска ѕвезда, поранешниот шпански репрезентативец јавно зборуваше за нивниот однос и за моментот кога ја дознал трагичната вест.

Коби и Пау Гасол играа заедно во Лос Анџелес Лејкерс, освоија две шампионски титули во НБА, но останаа блиски пријатели и по кошаркарската разделба.

„Возев во моментот кога дознав за несреќата, се враќав од кошаркарски натпревар на Барселона. Бев блиску до домот кога ја слушнав веста. Мојата сопруга добила порака од пријател дека Коби загинал во пад на хеликоптер.

„На почетокот не сфаќав што сака да ми каже, но во текот на возењето, со периферен поглед ја видов фотографијата на нејзиниот телефон. Побелев.

Молчев во следните две минути, ги слушав нејзините зборови, но тие не можеа да допрат до мојот мозок. Кога дојдов дома почнав да плачам и ми беше тешко да зборувам со кого било во следните денови. Единствениот со кого контактирав беше Роб Пелинка, тој беше првиот човек од кого можев да дознаам како се Ванеса и децата“, откри Гасол.

Во моментов Шпанецот е во САД, во контакт е со семејството на Коби. Хеликоптерската несреќа се случи на 26 јануари, во неа загина и една од ќерките на Брајант, Џана и уште седум лица.