ПОЧЕТНА Некатегоризирана Гасол не се враќа во Барселона

Гасол не се враќа во Барселона

сподели
FIBA

Составот на шпанскиот вицешампион за новата сезона е речиси готов и до крајот на летото се очекува само уште еден играч.

Тоа е Алекс Абринес за кого генералниот менаџер на Барселона, Начо Родригез призна дека се водат преговори. Ова значи дека нема ништо од враќањето на Пау Гасол кого го очекуваа навивачите.

„Преговараме со агентот на Абринес. Ќе продолжиме оваа недела и ќе се обидеме да го завршиме и тоа. Ако дојде до соработка, Алекс ќе биде последна аквизиција“, изјави Родригез.

Гасол имаше тешка повреда пред крајот на сезоната поради што го пропушти плеј-офот и не беше во можност да му помогне на Милвоки во финалето на Источната конференција.

По трансферите на Хигинс, Дејвис и Миротиќ и продолжувањето на договорите со Ертел и Клавер, Барселона го задржа и Адам Ханга кој потпиша до 2022 година.