ПОЧЕТНА Некатегоризирана Гасол меѓу Барселона и Лос Анџелес

Гасол меѓу Барселона и Лос Анџелес

сподели
Marca

На два дена пред 39-тиот роденден, еден од најуспешните шпански кошаркари во историјата не размислува за крај на својата професионална кариера.

Пау Гасол во моментов заздравува од повредата на скочниот зглоб која предвреме му ја заврши сезоната, но во исто време ги разгледува понудите каде може да игра претстојната натпреварувачка кампања.

Едната е од Лос Анџелес Лејкерс со кого освои две шампионски титули во НБА лигата – во 2009 и 2010 година. Сега таму не е Коби Брајант, но затоа митскиот дрес го носи Леброн Џејмс и нов играч е Ентони Дејвис.

Lakers nation

За разлика од првиот престој во Ел Еј, Гасол сега нема да биде меѓу носителите на играта, но со своето искуство треба да помогне во враќањето на титулата во Стејплс центар.

Втората понуда е од Барселона, уште еден клуб чиј член беше во дводецениската професионална кариера. „Каталонците“ веќе направија страше состав, донесоа неколку мега-ѕвезди и сигурно ќе ја нападнат титулата во Евролигата. Грчки новинар објави информација дека Гасол сигурно ќе продолжи во Барса, но засега нема официјална потврда од ниедна страна.