ПОЧЕТНА ЕВРОПА ГАЛИС: Ова се смешки!

ГАЛИС: Ова се смешки!

сподели
twitter

Членот на Куќата на славните организира турнир 3х3 на островот Родос, од каде што потекнуваат неговите родители, а колегите новинари од Грција искористија прилика да го прашаат што мисли за актуелната состојба во грчката кошарка.

„За мене, ова е смешно и можеше да биде избегнато. Сето ова не оди во прилог на честа на кошарката. Би сакал да видам поинаква атмосфера. Нема потреба од војна, се може да се заврши со фер-плеј.“ – рече Никос Галис.

Прашањето се однесуваше на релегацијата на Олимпијакос во втората лига, откако Пирејците одбија да одиграат два натпревара од регуларниот дел на сезоната и плеј-офот, односно еден меч во Купот на Грција, сите против Панатинаикос.