ПОЧЕТНА ЕВРОПА Франција го запозна Столе – 6 тројки, 26 поени!

Франција го запозна Столе – 6 тројки, 26 поени!

сподели
фото: ALMEvreux (Officiel)

Му требаше малку време на македонскиот репрезентативец да се навикне на новата екипа, новата држава, новата лига, но кога го помина тој период, едноставно блесна.

Во третото од втората лига на Франција, Стојан Ѓуроски потврди дека уште е оној стариот. Евре победи со 102:69 во дуелот со Поатие, а нашиот крилен играч беше убедливо најдобар поединец на теренот.

За 33 минути постигна 26 поени со шест тројки од осум обиди, а додаде и 13 скока за вкупен индекс 36.