ПОЧЕТНА Некатегоризирана ФОТО СТОРИЈА НА МЕСЕЦОТ: Вода на автобусот, чизмата на Тео и бразлетната...

ФОТО СТОРИЈА НА МЕСЕЦОТ: Вода на автобусот, чизмата на Тео и бразлетната на Гаги

сподели
blic.rs

Северните соседи ги испратија своите пулени на СП, односно на последните три тест натпревари во Кина, пред настапот на Мундобаскетот 2019. По долгите подготовки на европско тло, Србија замина за Далечниот Исток како еден од фаворитите за тронот.

Селекторот Александар Ѓорѓевиќ најави дека 99,9% нема да настапи Милош Теодосиќ, кој се опоравува од повреда на лигаментот на стапалото и се трка со времето до 24-ти август, кога треба да се пријават ростерите во ФИБА.

blic.rs

Драган Милосављевиќ дојде да ги испрати соборците од репрезентацијата, иако има скинат преден вкрстен лигамент на коленото, што ќе го оддалечи од терените можеби и целата наредна сезона.

blic.rs

Србија е актуелен вицепрвак на светот и на Европа, односно олимписки вицешампион. Надежите и желбите на српската јавност се големо финале со составот на Американците, таков каков што е, па нека победи подобриот.