ПОЧЕТНА НБА (ФОТО) Се огласи Дурант, од болница…

(ФОТО) Се огласи Дурант, од болница…

сподели
EFE

Суперѕвездата на Голден Стејт Вориорс првпат по тешката повреда ја извести јавноста за својата здравствена состојба.

Тоа го направи од болницата каде му беше извршен хируршки зафат. Она што е најважно, не планира да се предаде, туку најави жестока борба за враќање во најдобрата форма.

View this post on Instagram

What’s good everybody I wanted to update you all: I did rupture my Achilles. Surgery was today and it was a success, EASY MONEY My road back starts now! I got my family and my loved ones by my side and we truly appreciate all the messages and support people have sent our way. Like I said Monday, I'm hurting deeply, but I'm OK. Basketball is my biggest love and I wanted to be out there that night because that’s what I do. I wanted to help my teammates on our quest for the three peat. Its just the way things go in this game and I'm proud that I gave it all I physically could, and I'm proud my brothers got the W. It's going to be a journey but I'm built for this. I’m a hooper I know my brothers can get this Game 6, and I will be cheering  with dub nation while they do it.

A post shared by 35 (@easymoneysniper) on

„Би сакал да ве известам дека доживеав руптура на Ахиловата тетива. Операцијата беше извршена денеска и е успешна.

Тешко сум повреден, но се чувствувам добро. Кошарката е моја најголема љубов и сакам што побрзо да и се вратам. Мојот пат за назад почнува сега“, порача, меѓу другото, Дурант.

Уште нема точни информации за должината на паузата, но американските новинари шпекулираат дека таа ќе трае околу една година.