ПОЧЕТНА Во позадина (ФОТО) Раководството на КФСМ на средба со познатиот тренер

(ФОТО) Раководството на КФСМ на средба со познатиот тренер

сподели

Претседателот на Кошаркарската федерација Перо Антиќ и неговите најблиски соработници Тодор Гечевски и Ѓорѓе Војновиќ се сретнаа со познатиот стручњак Октај Махмути.

Родениот скопјанец својата тренерска кариера ја изгради во најпознатите турски екипи Ефес Пилсен, Галатсарај и Дарушафака, а една сезона помина и на клупата на Бенетон.

фото: Instagram/Cicko Stoilko

Неколку пати беше поврзуван со селекторската позиција во македонската кошаркарска репрезентација, но до соработка не дојде иако, наводно, постоеше интерес и од негова страна.