ПОЧЕТНА НБА (ФОТО) Официјално примопредавање на 23-ката

(ФОТО) Официјално примопредавање на 23-ката

сподели

Леброн Џејмс го потврди својот потег и му го подари дресот со број 23 на новата ѕвезда на Лос Анџелес Лејкерс, Ентони Дејвис.

Неполни 24 часа откако досегашниот играч на Њу Орлеанс Пеликанс стави потпис на договорот со тимот од Калифорнија, двајцата кошаркари се фотографиира со фамозната 23-ка која по само една сезона го менува сопственикот.

„Ентони Дејвис е еден од најдобрите млади (?) играчи во НБА. Ова е историски момент за франшизата и не можеме да бидеме погорди од ова“, изјави генералниот менаџер на Лејкерс, Роб Пелинка.

Останува само уште да се види кој број ќе го избере Леброн Џејмс. Сите индиции покажуваат дека тоа ќе биде шестката со која настапуваше во Мајами и во американската репрезентација.