ПОЧЕТНА НБА (ФОТО) Нов тим, нов број за Кевин Дурант

(ФОТО) Нов тим, нов број за Кевин Дурант

сподели
фото: Yahoo

Еден од најдобрите играчи на денешнината си замина од Голден Стејт по три сезони поминати во оваа екипа и кариерата ќе ја продолжи во Бруклин Нетс.

Претстојната натпреварувачка кампања најверојатно нема да се појави на терените поради тешката повреда од финалната серија против Торонто, но сепак си избра број.

Целата кариера ја носеше 35-ката, почнувајќи уште од деновите на колеџ, а во Бруклин ќе игра со бројот 7. На својот профил на Инстаграм, Дурант објасни зошто се одлучил за ваков потег.