ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА ФОТО НА ДЕНОТ: Се собра старото друштво!

ФОТО НА ДЕНОТ: Се собра старото друштво!

сподели

Неполни три години им требаа на поранешните соработници повторно да се спојат, симболично, но и вистински, од другата страна на (КК) Вардар.

Почнаа заедно, Ѓорѓи Кочов како прв тренер, Никола Велев и Дарко Радуловиќ како негови помошници. Летото 2017 година, МЗТ Скопје, поточно тогашниот шеф на стручниот штаб Александар Тодоров сакаше кај себе да ги донесе Кочов и Велев.

Сегашниот предводник на аеродромци не успеа да се договори со тогашната управа, а Велев ја прифати понудата и се пресели во „Јане Сандански“. Четири месеци подоцна, на клупата на МЗТ Скопје дојде Жељко Лукајиќ, неколку дена по него, како асистент и Кочов.

Лукајиќ не се задржа многу, само четири месеци и неговото заминување отвори место за младиот македонски стручњак. Кочов и Велев заедно работеа две години, освоија една титула, на пат беа да дојдат и до втората, но се случи пандемијата со корона вирусот и сезоната е прекината, без да се прогласи шампион.

Од денеска со нив е и третиот член на фамозниот стручен штаб на Вардар од првата полусезона 2016/17. Дарко Радуловиќ се пресели во МЗТ Скопје, па оваа фотографија, од деновите кога заедно го водеа Вардар, сега има и историско значење.