ПОЧЕТНА Некатегоризирана (ФОТО) Леброн не ги изненади фановите

(ФОТО) Леброн не ги изненади фановите

сподели
Newsweek

Првата ѕвезда на Лејкерс ги реши сите дилеми, ако и постоеја такви, со кој број ќе игра во новата сезона во која ќе се обиде да дојде до првата шампионска титула во жолтиот дрес.

Откако му ја подари 23-ката на Ентони Дејвис, Леброн Џејмс ја присвои шестката со која играше во Мајами Хит и во американската репрезентација.

Со неа освои две од трите шампионски титули во НБА лигата и две златни медали од Олимписките игри.