ПОЧЕТНА НБА (ФОТО) Леброн му ја подари 23-ката на Дејвис и на Твитер објави...

(ФОТО) Леброн му ја подари 23-ката на Дејвис и на Твитер објави кој број ќе го носи

сподели
LA Lakers

Првата ѕвезда на Лос Анџелес Лејкерс направи џентлменски потег за да му укаже благодарност на досегашниот играч на Њу Орлеанс за неговото доаѓање во составот.

NBA

Тој се откажа од својот број 23 кој го носеше и во Кливленд и со кој ја почна кариерата, а потоа објави со кој број ќе настапува тој во новата сезона.

Очигледно тоа ќе биде бројот 6 кој беше негов заштитен знак во Мајами, во американската репрезентација, а го носи и на тренинзите во Лејкерс.

Во исто време со објавувањето на оваа информација, младиот играч на екипата од Лос Анџелес, Кајл Кузма побара од Леброн Џејмс во новата сезона да го врати и стегачот на глава, детаљ кој го имаше во Кливленд и Мајами, но не и во првата сезона во Стејплс центарот.