ПОЧЕТНА АБА (ФОТО) Гист потпиша за Звезда, Гробари го растурија на Твитер

(ФОТО) Гист потпиша за Звезда, Гробари го растурија на Твитер

сподели

Српскиот и АБА шампион донесе едно од најголемите засилувања ова лето, а информацијата за него предизвика хаос на социјалните мрежи.

Џејмс Гист се врати во Белград, но не во Партизан каде играше една сезона на почетокот од оваа деценија, туку во Црвена Звезда која повторно ќе игра во Евролигата. Реализацијата на трансферот од Панатинаикос не им се допадна на Гробари кои на Твитер цел ден го навредуваат.

Слична судбина доживеа и Таренс Кинси кој, исто така, е поранешен играч и на Партизан и на Црвена Звезда.