ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА ФМП му го отвори патот на Гостивар… или на Кожув

ФМП му го отвори патот на Гостивар… или на Кожув

сподели
фото: gostivarpress.mk

Сензацијата на сезоната предизвика голем потрес во македонската Прва лига која по пет кола може да добие нов лидер на табелата.

Работнички беше единствен со максимален ефект по првите четири круга, но загуби од Академија ФМП и пред комплетирањето на колото има ист биланс како МЗТ Скопје – 4/1. Дербито се игра во Гостивар каде гостува Кожув и победникот од овој меч многу веројатно ќе избие на челната позиција на табелата.

Двете екипи имаат по три победи и пораз по првите четири коло, Гостивар несреќно загуби од Работнички во Градски парк, а Кожув на ист начин од МЗТ Скопје на домашен терен.

На Гостивар му треба победа барем од четири поени разлика за да биде подобар од Работнички и да го заземе првото место на табелата што, со оглед на фактот дека ќе ги помине сите ривали за висок пласман, ќе биде од голема важност пред продолжението на есенската полусезона. Кожув и сега е со најдобра кош-разлика во првенството (-91) и каков било триумф на жешкото гостување ќе го однесе на првото место.

Гостиварци не биле лидери од четвртото коло во сезоната 2017/18, Кожув чека уште подолго. Тимот на Марјан Србиновски минатата сезона победи на сите четири дуели со екипата од Гевгелија. Натпреварот се игра од 17:30 часот со директен пренос на Македонската телевизија, но и покрај тоа се очекува салата Младост да биде исполнета до последното место.