ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА ФМП и Мирковски се разделија

ФМП и Мирковски се разделија

сподели

Прволигашот од Кисела Вода, во својата втора сезона во елитата ќе влезе со нов тренер. Клубот не се договори со Владимир Мирковски за продолжување на соработката и во следниот период ќе се обиде да најде негова соодветна замена.

Мирковски дојде во Академија ФМП на 4 февруари, на местото на Игор Гацов, откако неколку недели претходно се врати во Македонија од Кина каде повеќе години работи како тренер. Го водеше тимот на само три натпревари: против МЗТ Скопје, Вардар и Кожув, а оствари сензационален триумф против гевгеличани, во последното коло пред паузата поради корона вирусот.

Во меѓувреме КФСМ означи крај на сезоната и одлучи да ја прошири лигата, без да има испаѓање, па Академија ФМП обезбеди учество во елитата и за идната натпреварувачка кампања, што беше основна цел за Мирковски. По заминувањето од Кисела Вода, за младиот стручњак се заинтересирани неколку клубови од земјава, а постои можност и да се врати во Кина.

Неофицијално, како можни наследници на 35-годишниот тренер се спомнуваат Александар Петровиќ и Борче Даскаловски.