ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА ФМП Академија донесе двајца Американци пред мечот со Работнички

ФМП Академија донесе двајца Американци пред мечот со Работнички

сподели
Ноа Блантон

Дебитантот во елитната конкуренција има две нови засилувања со кои ќе се обиде да обезбеди опстанок оваа сезона.

Американците, Ноа Блантон (23 години) и Александер Лонг (23) доаѓаат во составот на Игор Гацов на два дена пред натпреварот со вицешампионот Работнички.

Блантон игра на бековската позиција, во Скопје пристигнува од екипата на Јук Фаи, Хонг Конг, висок е 196 сантиметри. Лонг е крилен центар, досега настапувал за бугарскиот прволигаш Академик Бултекс.

ФМП Академија додава дека голема помош при ангажманот на овие двајца кошаркари имала од Александар и Ѓорѓи Књазев. Клубот веќе го има Роналд Харис кој одлично се вклопи во екипата и е еден од најдобрите играчи во лигата, според статистичките показатели.

Екипата од Кисела Вода уште ја чека историската прва победа во елитата, но во првите четири кола не играше со ниеден ривал за опстанок. Во следните два круга ќе се соочи со Работнички и МЗТ Скопје, а потоа за противник ќе го има Вардар.