ПОЧЕТНА СП 2019 Финалето од Мундобаскетот ги собори сите рекорди во Шпанија

Финалето од Мундобаскетот ги собори сите рекорди во Шпанија

сподели
FIBA

Последните 13 години шпанската репрезентација освои еден куп медали на големите натпреварувања, но ниеден меч не побудил таков интерес кај нацијата од мечот за златото во Кина.

За време на мечот против Аргентина пред малите екрани во просек биле 6,17 милиони жители на оваа земја што е историски максимум за кошаркарски натпревар во Шпанија. Најмногу гледачи во исто време имало по последниот звук на сирената – 8,5 милиони, а вкупно 9,5 милиони изгледале барем дел од преносот кој траеше 113 минути.

Телевизијата Кватро, која го пренесувала финалето, на 15 септември забележала рејтинг од 15,9%, највисок од јули 2008 година кога шпанската фудбалска репрезентација ја освои титулата на Европското првенство во Австрија и Швајцарија.

За споредба, во текот на септември рејтингот на Кватро изнесувал 6,4%, а на Светското првенство 2,2%.