ПОЧЕТНА ЕВРОПА ФИБА ровари низ Еврокупот, „украде“ уште еден клуб

ФИБА ровари низ Еврокупот, „украде“ уште еден клуб

сподели
aa.com.tr

Дарушафака, Билбао и Ритас минатиот месец и свртеа грб на ЕКА, а од денеска во нивно друштво е уште еден турски клуб – Тофаш.

Поранешниот турски првак е нов член на Лигата на шампионите на ФИБА иако последните три сезони учествуваше во Еврокупот на УЛЕБ. Најдобриот резултат го оствари во штотуку завршената, кога стигна до четвртфиналето и требаше да се бори за пласман во финалето кое води во Евролигата.

Со учеството меѓу осумте најдобри Тофаш си обезбеди место во Еврокупот и за идната сезона, но нема да го искористи. Тоа значи дека Еврокупот ќе мора да претрпи измени, односно местото на Турците да го пополни некој друг клуб.