ПОЧЕТНА Некатегоризирана ФИБА има нов претседател

ФИБА има нов претседател

сподели
FIBA

Светската кошаркарска организација во следните пет години ќе има нов предводник. Делегати од 156 национални федерации од цел свет одлучија на местото на Хорасио Мураторе да дојде Хамане Нијанг од Мали.

Од 2014 година тој беше потпретседател на ФИБА, а во исто време и прв човек на ФИБА Африка и претседател на националната кошаркарска федерација (од 1999 година). До 2012 година беше и министер за млади и спорт во својата земја.

„Ветувам дека ќе бидам максимално посветен на ФИБА и ќе служам на интересите на нашиот сакан спорт на секој дел од планетата.

Ние сме водечка кошаркарска организација и мораме да бидеме лидери во развојот на нашиот спорт. Можеме да ја направиме кошарката најпопуларен спорт во светот“, порача Нијанг по изборот.

Во Централниот борд, кој брои 13 члена, ќе има делегати од Бенин, Мадагаскар, Канада, Парагвај, Девствени Острови, Јапонија, Индонезија, Романија, Франција, Финска, Грција, Папуа Нова Гвинеја и Австралија.

Првата седница на новиот Борд ќе биде одржана во Пекинг на 14 септември, еден ден пред завршницата од Светското првенство.