ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА ФЕНИКС И ГЕРМИНА: Ваква поддршка му треба на секој спортски колектив

ФЕНИКС И ГЕРМИНА: Ваква поддршка му треба на секој спортски колектив

сподели

Во современиот спорт, без финансии нема успех. Не мора тоа да се милиони, затоа што и еден денар вреди многу повеќе од ниеден. Воедно тоа би требало да се наменски средства, кои би се трошеле директно во спортот за потребите на спортистите.

Фабриката за производство на природна минерална вода Гермина се наоѓа на стариот граничен премин меѓу Македонија и Грција, село Герман крај Битола. На оваа еколошка локација има извор што изобилува со високо квалитетна минерална вода и со природен гас.

Квалитетот на оваа вода е потврден од меѓународно призната лабораторија – А. Гунари, Волос – Грција.

За секој производ на Гермина може да најдете регистарски број за газирана вода и регистарски број за негазирана вода, издаден од Дирекцијата за храна на Република Македонија – Министерство за здравство.

НАПОМЕНА: Водата Гермина е спонзор на кошаркарскиот клуб Феникс, а ова е комерцијален ПР текст за нивната соработка.