ПОЧЕТНА ЕВРОПА Фенербахче во длабока криза

Фенербахче во длабока криза

сподели
euroleague.net

Првпат по 2014 година Милано го победи актуелниот турски вицешампион на еден официјален натпревар. Фенербахче не личи на себе оваа сезона, го претрпе третиот пораз во четвртиот меч и во моментов е на 16-тата позиција на табелата.

Милано победи со 87:74 за трет триумф во низа и петто место што е одличен пласман за составот на Еторе Месина. Серхио Родригес постигна 22 поена, Гудаитис 17 во тимот на Милано, а Весели и Ловерњ по 14 за Фенер.