ПОЧЕТНА ЕВРОПА Фенербахче во Белград со МВП од минатата сезона

Фенербахче во Белград со МВП од минатата сезона

сподели

Поранешниот европски шампион доби големо засилување за едно од најтешките гостувања во Евролигата.

Во второто коло од елитното натпреварување Фенербахче гостува кај Црвена Звезда, а Жељко Обрадовиќ ќе може да смета на најкорисниот играч од основниот дел на минатата сезона Јан Весели. Чехот е повреден уште од пролетта, а тоа беше причината и што не настапи на Светското првенство во Кина.

За разлика од него, против Звезда нема да игра вториот миленик на навивачите на Партизан, Жофри Ловерњ кој уште е на листата на повредени играчи.