ПОЧЕТНА ЕВРОПА Фенер знае кошарка, Жалгирис и ПАО со рутински стотки

Фенер знае кошарка, Жалгирис и ПАО со рутински стотки

сподели
euroleague.net

Екипата на Жељко Обрадовиќ се искачи на 9-та позиција на табелата, по победата со 73:64 против Олимпија Милано, во рамките на 21-та рунда.

Италијанскиот претставник важи за еден од најсилните тимови сезонава, но турскиот полека како да го фаќа посакуваниот ритам. Шест играчи на Фенербахче, имаа 10 или повеќе поени.

rezultati.com

Нандо Де Коло е најбрзиот во историјата на елитната лига, што стигнал до 3.000 поени. Французинот постигна 12 за оваа магична бројка, која е привилегија на уште 5 други имиња (Спанулис, Наваро, Принтезис, Јанкунас и Рејес).

Жалгирис апсолутно ја надигра германската екипа Алба од Берлин со 104:80, Панатинаикос му го стори истото на францускиот претставник Асвел Лион со 100:88.