ПОЧЕТНА ЕВРОПА Фенер испушти 14 разлика, па победи во продолжение

Фенер испушти 14 разлика, па победи во продолжение

сподели

Покрај многуте проблеми со кои се соочува оваа сезона, поранешниот европски шампион успеа да дојде до третата победа во низа во Евролигата. На домашен терен ја победи Алба со 107:102 и се доближи на само еден триумф од позициите кои водат во плеј-офот.

Фенербахче имаше предност од 14 поени во првата четвртина (30:16), но веќе во втората гостите не само што успеаја да ја анулираат, туку и да поведат. До крајот се водеше жестока битка во која повеќе нерви имаше турскиот тим. Слукас одигра одличен натпревар, постигна 23 поени и 9 асистенции. Кај Алба, Гиедраитис беше најефикасен со 19 поени.