ПОЧЕТНА ЕВРОПА Фенер го сака Шарас, тој ја сонува Барса!

Фенер го сака Шарас, тој ја сонува Барса!

сподели

Многу веројатно идната сезона Шарунас Јасикевичиус нема да биде тренер на Жалгирис, тврдат неколку литвански медиуми.

За 44-годишниот стручњак кој веќе има пет титули во домашното првенство и три во Купот на Литванија, како и три признанија за тренер на годината, има понуди од неколку врвни европски клубови. Тоа беше случај и лани, но тој одлучи да остане во Жалгирис барем уште една година.

Сега за Јасикевичиус, наводно, има отворена понуда од Фенербахче кој бара замена за Жељко Обрадовиќ. Клубот сака да почне со формирање на ростерот за новата сезона и затоа инсистира на брзо решение.

Но, со литванскиот стручњак ситуацијата е поинаква. Тој чека да заврши шпанското првенство и евентуално да ја преземе Барселона која за него беше заинтересирана и пред две години, пред ангажманот на Светислав Пешиќ. АЦБ лигата ќе заврши на 30 јуни и веројатно во првите денови од јули ќе се знае дали Србинот ќе остане на клупата или ќе си замине, а со тоа и дали ќе отвори шанса за Јасикевичиус.