ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Фамилијарниот дуел го отвора второто коло

Фамилијарниот дуел го отвора второто коло

сподели
фото: Александар Ристовски

Првпат во историјата на македонската кошарка две екипи од ист клуб ќе се сретнат во прволигашки дуел.

Шампионот МЗТ Скопје ќе го „пречека“ МЗТ 2, својата филијала која сезонава се бори во елитната дивизија. Натпреварот се игра на 18-ти октомври, во „Јане Сандански“, првиот тим ќе добие доволно време да се подготви за најважниот меч од АБА 2 лигата, против Борац Чачак идната недела, на домашен терен.

Дербито на второто коло е во Градски парк, на 20-ти октомври, Работнички го пречекува Гостивар во првиот сериозен тест за двете екипи оваа сезона.